Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаконот за јазиците ќе помине на Влада пред локалните избори, тврди Таравари

Законот за јазиците ќе помине на Влада пред локалните избори, тврди Таравари

Усогласени се сите страни и нема коалициски пречки за разгледување на законот за јазиците, предлогот ќе помине на владина седница во стоте дена од работата на новиот владин состав, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

– Законот ќе помине во Влада и ќе се испрати во Венецијанската комисија. Ние, како партија, тоа што сме го кажале пред да влеземе во владата, како Движење за реформи во ДПА, тоа го кажавме првиот ден кога влеговме во влада, тоа го кажуваме и сега. Дали ние ќе ја напуштиме владата ако не се реализира тоа? Нема потреба да ја напуштиме владата, координирани сме и тоа ќе помине – изјави Таравари.

Тој најави и назначување на шест до осум нови директори на неколку клиники и болници деновиве, а рече и дека некои од сегашните директори ќе останат на функција.

– Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Сè уште правиме консултации – додаде Таравари.