Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаконот за амнестија не помина во Собрание

Законот за амнестија не помина во Собрание

Предлог-законот за амнестија кој предвидува целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик, денеска не доби поддршка од пратениците во Собранието на Република Македонија.

Предлог-законот за амнестија беше поднесен од страна на 10.069 избирачи. Во него се предвидуваше да се ослободат од извршување на 40 проценти од изречената казна затвор сите правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик и други Закони на Република Македонија, а кои на денот на влегувањето во сила на овој.

Закон би се нашле на издржување казна затвор во Република Македонија или уште не започнале со издржување на казна затвор или се наоѓаат на уреден прекин на издржување на казна затвор или, пак, чие преместување на издржување казна затвор е извршено во странство.