Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗаклана жена и повредени двајца во Австралија

Заклана жена и повредени двајца во Австралија

Во Австралија 29-годишен Французин прободел жена од британско потекло и ранил двајца во хотел во малиот град Таунсвил. Полицијата потврди дека мажот викал „Алах е голем!“ за време на нападот, соопштија локалните медиуми.

Напаѓачот бил во Австралија со важечка туристичка виза и немал никакви познати врски со терористички организации. Заменик-комесарот на локалната полициска станица потврди пред медиумите дека 29-годишниот маж викал екстремистички слогани за време на нападот.

Покрај жената, во нападот загинало и куче. Повредени се двајца, од кои едниот е 30-годишен Британец, кој е во болница во критична состојба.