HomeДЕНЕШНАСветЗакербек: Лудост е да се каже дека „Фејсбук“ му помогнал на Трамп

Закербек: Лудост е да се каже дека „Фејсбук“ му помогнал на Трамп

mark-cukenberg-t

Основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг ги демантираше медиумските шпекулации дека таа социјална мрежа допринела за растот на популарноста на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, пренесуваат американските медиуми. Марк Закербек, на трибина за новите технологии во Калифорнија, изјави дека „Фејсбук“ не смее да биде сметан за одговорен за такво нешто.

„Идејата дека лажни новости на „Фејсбук“ влијаеле на исходот од изборите е многу луда идеја. Доколку верувате во тоа, верувам дека не сте ја сватиле пораката која симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат на овие избори“, изјави Марк Закерберг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com