Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗакана за Конзулатот на САД во Истанбул

Закана за Конзулатот на САД во Истанбул

Стејт департментот им препорача на американските граѓани да не го посетуваат Генералниот конзулат на САД во Истанбул поради информацијата дека има закана за неговата безбедност. Ова се наведува во соопштението, кое беше објавено вчера на сајтот на Советодавниот совет за меѓународна безбедност при Стејт департментот.

Информацијата е објавена и на сајтот на Конзулатот на САД во Истанбул.
– Во врска со информацијата за непосредна закана за безбедноста на Генералниот конзулат на САД во Истанбул, Конзулатот ги советува сите американски државјани денеска да избегнуваат да го посетуваат, се наведува во соопштението и се напоменува дека Конзулатот е затворен и денеска.