Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗакана од бомба на Франкфуртскиот аеродром, наредена евакуација

Закана од бомба на Франкфуртскиот аеродром, наредена евакуација

Голема паника е крената на Франкфуртскиот аеродром и се евакуирани два терминали по што е направена целосна безбедносна проверка на патниците.

 

Според повеќе медиуми станува збор за сомнителна активност на еден патник кој неовластено ја преминал безбедносната проверка, додека пак други додаваат дека обезбедувањето кај него пронашла чудна направа во која можеби се содржи експлозив.

frankfurt aerodrom2

Целата паника ќе донесе голем број на одложени летови, како и стрес кај патниците кои во шок објавуваат слики на социјалните мрежи загрижени за состојбата.