Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗагубарот во стечај, конечно ќе се реши судбината на ОХИС

Загубарот во стечај, конечно ќе се реши судбината на ОХИС

Државниот загубар Охис ќе оди во стечај, а поранешните вработени денеска за псоледен пат протестираа пред белата влада на „Илинденска 2“. Губат недеж дека ќе си ги добијат своите плати,а протестите ги прекинуваат поради тоа што од министерството за економија  добиле информација дека  е покрената стечајна постапка за затворање на фабриката.

Ова е голем срам за Македонија и за вработените.Со неисплатени плати ,минимални пензии и паричен надоместок од седум илјади  од агенцијата за вработување не може да се преживее,велат поранешните вработени.

Стечајната постапка будно ке ја следиме велат Охисовци и нема да дозволиме грабеж од стечајните управници и нивните плитички спонзори,како што тоа се случи и со останатите загубари.

До Основниот суд во Скопје веќе е поднесена пријава за поведување стечајна постапка. Поранешните вработени од ОХИС и денеска протестираа пред Владата, со барање да им се исплатат 24-те плати.
Заедно со нив денеска протестираа и стечајците од „Треска“ од каде 530 работници бараат обештетување, како и поранешните вработени во „Алумина“.

Бараат државата да го продаде имотот на компаниите и да им ги исплати платите кои им ги должат фирмите. Владата направи 13 неуспешни обиди да го продаде ОХИС.