Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗагрозените новинари на Курир и членовите на МАН добија подршка од ЕК

Загрозените новинари на Курир и членовите на МАН добија подршка од ЕК

Откако Македонската асоцијација на новинари се пожали дека во извештајот на Европската комисија не се споменати сите случаи на нападнати и загрозени новинари, денес од портпаролката на Европска комисија беше потенцирано дека принципот на слободата на медиумите е неделив и заштитата на новинарите како и осудата на заканите и притисоците се однесува на сите без оглед на кои кругови припаѓаат.

maja kocijancic

„ ЕK придава големо значење на почитувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Како што е наведено во извештајот за напредокот, посебно во оној за вашата земја, Европската комисија осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат. Ова е нешто на кое е посветивме во препораката за БЈР Македонија каде Еврокомисијата ги охрабрува сите, посебно Владата и медиумите да работат посилно за да се подобри медиумска култура во земјата, порача портпаролката Коцијанчич на денешниот прес“.

Најголема забелешка имаше порталот Курур од каде пренесоа дека на нивна новинарка и нејзиниот петгодишен син од страна на активист на опозициската партија и биле упатени смртни закани и уцени, што е повреда на слободата на медиумите и интегритетот на новинарите.