Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРуското Министерство апелира на политички дијалог за смирување на тензиите

Руското Министерство апелира на политички дијалог за смирување на тензиите

Министерството за надворешни работи во Русија изрази загриженост за како што наведуваат ескалирањето на состојбите во нашата Република и апелира до сите страни за политички дијалог и смирување на тензиите.

Во соопштението се вели дека со загриженост се примени соопштенијата за ескалирање на политичката спротивставеност во Македонија, за немирите кои се случија во главниот град.

„Ги повикуваме сите страни на политички дијалог и непровоцирање на нови изливи на кризата којa трае веќе повеќе од една година“, се вели во соопштението испратено до медиумите од Руската Амбасада.

Исто така се констатира дека зад ескалацијата на состојбите во земјата стои опозицијата поддржана од надвор.

Соопштението вели: „Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно-политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст“.

Според руското Министерство за надворешни работи недозволиво е да се разнишува оваа ситуација во Македонија, имајќи ја предвид комплициранa етничка и верска структура на земјата.