Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗагреб ќе ни подари двојка морски лавови – „луксузниот дом“ е скоро готов

Загреб ќе ни подари двојка морски лавови – „луксузниот дом“ е скоро готов

Нови жители на Скопската Зоолошка градина пристигнуваат за еден месец. Од Загреб доаѓа двојка морски лавови, а нивното живеалиште е скоро готово – објави Вечер.

Нивното ново живеалиште ќе се протега на околу 200 квадратни метри, со базен од 350 кубни метри со партер од каде животните ќе можат да се гледаат кога пливаат и под вода. За морските лавови ќе се грижат двајца зоо­негуватели кои пред неколку месеци беа на обука во Загреб и веќе се спријателија со двојката.
foki1– Новото живеалиште се гради на истото место каде пред 10­ – 12 години живееле морски лавови. Извршена е реконструкција на постоечкото, но додадени се и нови содржини, сето тоа според пропишаните стандарди. Околу базенот на морските лавови се гради и живеалиште на фламингоси кои очекуваме да пристигнат малку подоцна, по неколку месеци – изјави за Вечер, Јорданчо Милошевски, биолог во Зоолошката градина.

За возврат за двојката морски лавови, скопската ЗОО на Загрепската градина ќе и подари два белоглави орли. Двете зоолошки и порано соработувале по пат на размена.
­
Морските лавови се многу интересни животни, многу се подвижни при пливањето и нуркањето. Можат лесно да се дресираат и да научат разни вештини. Живеат на јужниот брег во Северна Америка. Се хранат исклучиво со риба и морски плодови. Морските лавови се црни, но луѓето често ги мешаат со фоките кои по природа имаат сива боја.