Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагинаа петмина припадници на НАТО во хеликоптерска несреќа во Кабул

Загинаа петмина припадници на НАТО во хеликоптерска несреќа во Кабул

Пет војници загинаа и уште петмина се повредени во воен хеликоптер на коалициските сили во Авганистан кој вчера се урна при слетувањето во НАТО база во Кабул. Потврдено е дека загинатите се припадници на силите на НАТО, но се уште се открива нивната национална припадност.

Американскиот полковник Брајен Трајбус и Британското Министерство за одбрана
веќе соопштија дека нивни припадници се меѓу загинатите од несреќата на хеликоптерот Пума Мк2. Авганистански очевидец изјавил дека хеликоптерот се урнал откако се замотала сајла околу неговиот ротор.