Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагинаа маж и дете во сообраќајка на Плетвар

Загинаа маж и дете во сообраќајка на Плетвар

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Прилеп-Градско на Плетвар, во која, според првичните информации загинале маж и дете, а со тешки повреди се здобила и една жена.

Сообраќајката се случила меѓу камион, автомобил и комбе. Идентитетот на загинатите полицијата се уште не го соопштува. Интервенирала и противпожарната единица за да ги исече возилата и да ги извлече повредените и настраданите.