Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗагинаа четири лица во судар на автомобил и автобус полн со бегалци во Турција

Загинаа четири лица во судар на автомобил и автобус полн со бегалци во Турција

Во судар на автомобил со автобус полн со бегалци на мостот во провинцијата Чанаккале, загинаа најмалку четири лица, а 30-тина се повредени. Две од лицата кои загинале се наоѓале во автобусот, а останатите две се превзувале во автомобилот. Бегалците патувале кон северниот турски брег на Егејското Море од каде требало да се обидат да се префрлат до грчкиот остров Лезбос.

Турските медиуми јавуваат дека во автобусот биле регистрирани бегалци од Мјанмар, Авганистан и Сирија. Полициските служби работат на причината за судрување на двете моторни возила.