Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина жена на излез од Прилеп – Тешка сообраќајка

Загина жена на излез од Прилеп – Тешка сообраќајка

Една жена загина, а еден маж е повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Прилеп-Битола, кај клучката кај селото Лагово. Според информациите од СВР Битола, во несреќата загинала жена на возраст од околу 66 години, а маж е повреден и е префрлен во Градската болница.

Сообраќајката се случила при судир на возило, марка „пасат“ и мотоцикл.Загинатата била сопатничка на мотоциклистот, кој е хоспитализиран. На местото на несреќата, која се случила околу 16 часот, во тек е увидот на полицијата и јавен обвинител.