Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина работник во рудникот за мермер „Сивец“

Загина работник во рудникот за мермер „Сивец“

Вчера околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, атар на с.Присад-Рудник, К.П. (48) од Прилеп кој бил вработен во рудникот, додека сечел мермерни плочи, една плоча паднала врз него и го потиснала.

Од страна на вработени, мермерната плоча била тргната од повредениот по што истиот бил префрлен во ГБ-Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во УЦ-Скопје, каде за жал починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа ПС-Прилеп во присуство на трудов инспектор.