Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина мотоциклист по судар со камион на патот Охрид Кичево

Загина мотоциклист по судар со камион на патот Охрид Кичево

Загина мотоциклист на патот Охрид – Кичево, кај село Требеништа. Несреќата се случила попладнево помеѓу моторцикл и камион. Моторциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, а тешкото товарно возило „Сканија“, од Охрид кон Кичево. Моторциклот завршил под камионот. Загинатиот мотоциклист е 45 годишен охриѓанец.

Увид на местото вршат јавен обвинител и полицијата, а сообраќајот на оваа делница се одвива со наизменично пропуштање на возилата во временска рамка од еден час.