Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина моторциклист од Прилеп

Загина моторциклист од Прилеп

33 годишен прилепчанец утрово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на влезот во Прилеп.

Моторциклистот околу 4 часот утринава  удрил во големото пано на бензинската пумпа ,,Лукоиил” при што загинал на лице место.

Увид на местото на несреќата извршија полицијата и основен јавен обвинител.