Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина едно лице во сообраќајка кај Дојран

Загина едно лице во сообраќајка кај Дојран

Вчера попладне околу 15.35 часот, на регионалниот пат Дојран-Валандово кај раскрсницата за село Дедели, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Пасат“ со струмички регистерски ознаки управувано од Војчо Н.(67) од Струмица изгубил контрола и излетал од патот при што се здобил со тешки телесни повреди.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде вечерта околу 22.20 часот им подлегнал на повредите.

Увид на лице место извршиле полицајци од полициската станица Валандово и се утврдуваат причините за несреќата.