Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина 74-годишен велосипедист на патот Кичево – Македонски брод

Загина 74-годишен велосипедист на патот Кичево – Македонски брод

Загина седумдесет и четиригодишен Кичевчанец во сообраќајна несреќа која денеска се случила на пресекот на регионалниот пат Кичево -Македонски брод со улицата Маршал Тито. Околу 11:20 часот Нусуф Н. се обидел со велосипед да го премине коловозот, кога бил удрен од патничко моторно возило марка „цитроен берлинго“ со кичевски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди, Насуф Н. со возило на брзата помош бил пренесен во општата болница во Кичево каде по кратко време им подлегнал на повредите. Извршен е увид од страна на полицијата.