Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина 17-годишен мотоциклист, две девојки повредени во тешка сообраќајна несреќа

Загина 17-годишен мотоциклист, две девојки повредени во тешка сообраќајна несреќа

Едно момче загина, а две девојки се повредени во сообраќајната несреќа која што денес се случила на влезот во населбата Драчево.
zagina_motociklist
Како што потврдуваат од СВР Скопје несреќата се случила околу 11 часот на улица „Јустинијан Први“ на раскрсницата со улицата кон селото Батинци. Во несреќата учествувале „Форд мондео“, „Рено лагуна“ и мотоцикл, сите со скопски регистарски таблички.

Во несреќата загинал 17 годишниот Петар Ј., возач на мотоциклот, а со телесни повреди се здобиле девојките кои се возеле со него, а биле на возраст од 16 и 19 години. Девојките се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Возачите на автомобилите не се жалеле на повреди. Истрагата која е во тек ќе покаже како дошло до оваа страотна сообраќајна несреќа.