HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев за Пуч – Македонското судство не функционира, мора да се промени

Заев за Пуч – Македонското судство не функционира, мора да се промени

Денеска претседателот на Судскиот совет и самиот Судски совет, покажаа пред јавноста дека немаат намера да водат правен процес, туку водат политички процес. Јавноста беше сведок со вашето присуство и можевте сами да видите дека ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Суштината на одлагањето се состои во неколку моменти, тоа е целокупната стратегија на бандитската власт која што има намера да го држи во живот процесот којшто е врзан со најсуштествената тема во Македонија, а тоа е кој го правел и каде го правел прислушувањето во Македонија. Зошто сега се повлекува судија поротник и зошто сега се бараат нови судии, па се купува време да обезбедат безбедносни сертификати, зошто судијата не повлече веднаш поротници судии коишто имаат безбедносни сертификати, зошто и денеска не е повикан единствениот сведок, Никола Груевски да дојде на ова судско рочиште“, рече Заев по одлагањето на рочиштето за случајот „Пуч“.

Она што денеска се случуваше, според него, само потврдува дека „ова македонско судство мора да биде променето, македонското правосудство и правен систем воопшто не постојат и тоа за наша среќа ќе трае уште 40 дена“.

Извор: mkd.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com