Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев за Денот на полицијата: Искрена почит за професионалците

Заев за Денот на полицијата: Искрена почит за професионалците

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на 7. мај, Денот на полицијата на Р.Македонија, упати честитка до припадниците на полицијата и безбедносните служби.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, ви го честитам денешниот Ден на полицијата во Р.Македонија. Изразувам искрена почит и благодарност до сите професионалци кои во најтешките услови на режим, насилство и обиди за дестабилизација, одговорно и достоиствено работеа и работат во служба на граѓаните на Р.Македонија.

Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест. Сите треба да сме среќни што Република Македонија има професионалци што можат да ги заштитат граѓаните, државните интереси и уставниот поредок на државата и го прават тоа.

СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска Влада се обврзува пред вас и пред граѓаните дека ќе овозможи професионална, модерна и ефикасна полиција, ослободена од лични, партиски и какви било други влијанија. Ќе го заштитиме личното и професионално достоинство на сите припадници на полицијата и безбедносните служби преку подобрување на условите за работа и на работниот статус.

Ќе обезбедиме полиција којашто ќе ги штити граѓаните и неселктивно ќе се бори со криминалот и корупцијата преку непристрасно спроведување на законите за сите“, стои во честитката на Заев.