Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев за албанското знаме кај Џафери: Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија

Заев за албанското знаме кај Џафери: Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска по средбата со ОБСЕ порача да се почитуваат законите и Уставот и дека секој треба да има правна и политичка одговорност без разлика дали се работи за нивниот коалиционен партнер.

– Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат. Ако се случила некаква грешка, се надевам ќе се поправи. Треба сите наши политички преокупации да ги ставиме во секундарно или терцијарно значење, мораме да испратиме порака дека Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија и тоа да се покажува како патриотски чин – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање што мисли за поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.