Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев во Драч на неформален состанокот на земјите од Западен Балкан

Заев во Драч на неформален состанокот на земјите од Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев денеска во албанскиот град Драч ќе учествува на неформалната средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција.

На средбата, на која домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан.

На состанокот ќе учествуваат и еврокомесар проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

Европската комисија вчера истакна дека фокусот средбата, која се одржува во рамките на Берлинскиот процес, ќе биде имплементирањето на обврските преземени за време на минатомесечниот самит ЕУ – Западен Балкан во Трст, а посебно внимание ќе се посвети на спроведувањето на акцискиот план за јакнење на регионалната економска интеграција.