Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев во Брисел на средба со Туск, Хан, Могерини и Столтенберг

Заев во Брисел на средба со Туск, Хан, Могерини и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев денеска е во прва официјална посета на Брисел, откако стапи на премиерската функција.

Заев, кој е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што соопштија од кабинетот на премиерот, владината делегација ќе ја потврди својата посветеност на интеграците во ЕУ и во НАТО и ќе ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на Република Македонија на патот на евроатланските интеграции.