Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев утре на распит кај Зврлевски

Заев утре на распит кај Зврлевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утре треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство. Заев заедно со други лица на раководни позиции во партијата се товарат за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Заев за ТВ 24 потврдил дека ќе оди на разговор, како и дека не е загрижен бидејќи финансиското работење на партијата било легално и транспарентно.

Претходно денеска од Обвинителството на Марко Зврлески излегоа со соопштение дека се поведени постапки за изборни нерегуларности во 2014-та и 2016-та година.

„Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за Претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година.

Во истражните постапки опфатени се повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи претставници на Министерството за внатрешни работи, на локална самоуправа и носители на високи функции во одредена политичка партија. Постои основано сомнение дека осомничените како организирани групи го сториле делото преку нудење, давање или ветување на подарок или друга корист за да придобијат лица со избирачко право. Влијанието над лицата од две изборни единици, имало за цел определен начин на вршење на избирачкото право“, соопштија од ОЈО.