Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Специјален обвинител со цела автономија до следната недела

Заев: Специјален обвинител со цела автономија до следната недела

Опозицијата се повеќе пристиска да се избере Специјален обвинител кој е дел од политичкиот договор од Пржино. СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев очекуваат веќе наредната недела ова прашање да биде поставено на дневен ред во Собранието и да се донесат потребните законски измени кои ќе му овозможат на некој правен експерт да има целосна автономија при извршување на функцијата како Специјален обвинител.

zaev

„Јас би бил среќен да биде тоа 7-ми, со законско решение преку измени и дополнувања на законот, каде што ќе се избере специјален обвинител во новоформирана обвинителска структура, со неколку заменици, обвинители, стручни служби, со целосна автономија и независност на обвинителот, со можност да избира истражен центар со инспекторите коишто ќе ги бира, со стручни соработници, достоинствена плата, обезбедување на него и на неговото семејство. Сé што ќе гарантира целосна автономија за да тргнат процесите“, изјави Заев при посетата на Тетово.

Денешното враќање на СДСМ во Собранието помина во жешка атмосфера и нивните колеги од владеачкото мнозинство им порачаа дека ќе мора напорно да работат за платата која ја добиваа изминатите месеци и дека мора да го почитуваат Уставот, Деловникот и законите при нивнотото функционирање. За договор за назначување на Специјален обвинител има голем пристисок и од олеснувачите на процесот од ЕУ.