Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев со сочувство до Бејли за терористичкиот чин во Орландо

Заев со сочувство до Бејли за терористичкиот чин во Орландо

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до Амбасадата на САД во Македонија по повод терористичкиот чин во Орландо. Во телеграмата се вели:

-„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам сочувство и длабоко жалење до семејствата на загинатите и пријателскиот народ на САД за терористичкиот чин што се случи во Орландо, истакнува Заев во телеграмата.

Граѓаните во Македонија сочувствуваат со граѓаните на САД, изразуваат солидарност и жалат за загубените човечки животи.

Овој ужасен терористички чин е сериозен напад врз основните човекови права и слободи како врвна универзална, цивилизациска вредност.

-Универзалните вредности на современата цивилизација и почитувањето на човекови права, слободата, еднаквоста и солидарноста се посилни од теророт и убеден сум дека САД ќе излезе уште посилна од овој терористички чин, којшто за жал однесе многу невини животи. Нашите мисли и молитви се со Вас“, се вели во телеграмата на Зоран Заев.