HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев со писмо до амбасадорите – Политичката инструментализација на Уставниот суд е деструктивна

Заев со писмо до амбасадорите – Политичката инструментализација на Уставниот суд е деструктивна

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев испратил писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино во кое предупредува на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се во насока на уривање на изборниот процес и усложнување на политичкиот кризен амбиент во земјава.

„Политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на законот за СЈО, може да предизвика темелна деструкција на политичкиот процес, натамошната политичка злоупотреба на судството, до ниво на целосна суспензија на владеењето на правото и правната држава. Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза“, се вели меѓу другото во писмото на претседателот Заев до амбасадорите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com