Заев смирува за безбедноста – Собранието окупирано
Заев се обиде да ги убеди новинарите дека ќе бидат безбедни во услови кога Собранието е преполно со луѓе од иницијативата За заедничка Македонија. Демонстрантите пеат и врескаат во Собранието, а обраќање имаат Мето Јовановски, Дамевски и останатите познати личности кои ги предводат протестите.
Заев рече дека министерот за внатрешни работи Нухиу ќе ги преземе сите потребни мерки за да не дојде до несакани последици.