Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев следната недела во Брисел на средби со Хан, Могерини и со Јункер

Заев следната недела во Брисел на средби со Хан, Могерини и со Јункер

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на 5-ти и 6-ти декември (вторник и среда) ќе престојува во дводневна посета на Брисел, при што ќе учествува на повеќе настани и ќе оствари средби со високи претставници на европските институции.

Во рамки на посетата, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на Европскиот молитвен појадок, на покана на европратеникот Алојз Петерле.

Премиерот Заев ќе учествува на настан на Центарот за европски политички студии (CEPS), како и на јавен настан во организација на Фридрих Еберт фондацијата (FES).

Во среда претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, со претседалот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и со еврокомесарот Јоханес Хан.