Friday, Apr 19, 2024
HomeUncategorizedЗаев: Се усогласува текстот со гаранции за унитарноста на Македонија

Заев: Се усогласува текстот со гаранции за унитарноста на Македонија

Кабинетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на претседателот Ѓорѓе Иванов, се во постојан контакт за усогласување на текстот на писмената гаранција за унитарноста на Македонија, пишува „Слободен печат“.

Заев потврди дека тој е во постојан контакт со кабинетот на Иванов и дека очекува откако гаранцијата ќе биде составена, претседателот ќе го даде мандатот за формирање на нова влада.

Тој исто така нагласи дека е потребно усогласување на измените на Изборниот законик, за да се овозможи продолжување на мандатите на градоначалниците и општинските совети.

Придружете ни се Facebook >
Како можни термини во кои би се одржале локални избори, Заев ги наведува октомври оваа година или март следната година.