Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев се сретна со Касами, граѓаните не чекаат да почнеме да работиме

Заев се сретна со Касами, граѓаните не чекаат да почнеме да работиме

Зоран Заев, лидерот на СДСМ и нов мандатор за состав на владата, денеска оствари средба најпрво со раководството на движењето БЕСА за да отпочне процесот на договор меѓу партнерите од новото парламентарно мнозинство за поддршка на процесот за формирање нов владин кабинет.

-Денеска понуваме средби за составот на новата Влада. Поради смртен случај на близок на раководството на ДУИ, денеска се состанавме со втората по големина партија БЕСА, но со господинот Биљал Касами одлучивме дека треба да се запази редот. Значи сепак, прво ќе се сретнеме со ДУИ, потоа со Беса, па ќе разговараме со Алијанса за Албанците, се со цел да ги приближиме ставовите. Мојата работа како мандатор е да завршиме ден порано. Многу граѓани чекаат субвенции, учениците чекаат укинување на екстерно тестирање, чекаат социјалните баратели, чека СЈО, рече мандаторот за нова влада, Зоран Заев, по средбата со Касами.