Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите за насилниците

Заев: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите за насилниците

Шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го организирале влезот на толпата што во Собранието со план и умисла сакаше да изврши убиство. Ова на сослушувањето во Обвинителството го кажал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесе Алсат-М.

„Собранието има пет влеза, демонстрантите се обидоа да влезат само од главниот влез зашто двајца пратеници им ги отворија вратите. На другите влезови челичните шипки и обезбедувањето си го направија своето“, изјави Заев.

Заев очекува пред лицето на правдата да бидат изведени сите за кои има докази, како извршителите така и нарачателите и организаторите на насилството што се случи во Собраниеето на 27 април.

„Јас лично на насилниците им простив веќе следниот ден, но не смееме да дозволиме и институциите да им простат“, порача Заев.

Се очекува следна во Обвинителството исказ да даде потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како и пратеникот Петре Шилегов.