Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев повторно во ОЈО, ќе изврши увид на доказите

Заев повторно во ОЈО, ќе изврши увид на доказите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на пладне треба да дојде во Основното јавно обвинителство за случајот што го отвори Обвинителството за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Како што е најавено, Заев денеска треба да изврши увид во доказите на предметот.

Тој и други лица на раководни позиции во партијата се товарат за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Заев минатата недела беше на распит во ОЈО-Скопје, кое отвори предмет против него под сомнение за злоупотреба на финансиски средства и за лажирање на финансискиот извештај за последните предвремени парламентарни избори што се одржаа лани во декември

– Повикани сме под сомнение за злоупотреба на изборна кампања во 2016 година. Договорени сме в среда во 12 часот, согласно постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете, овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, да ја докажеме невиноста како организатори на изборната кампања – изјави Заев минатата недела.

Предистражната постапка ја објави Обвинителството преку соопштение, во кое, како што се наведува, континуирано се преземале дејствија на вршење проверки и прибавување на известувања, податоци и докази, а сослушани биле и над 70 сведоци.