Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев поканет во Израел – Нема проблеми во односите

Заев поканет во Израел – Нема проблеми во односите

Заев е во Израел на покана на претседателот Ревлин со што од СДСМ укажуваат дека односните не се нарушени ако се земе во предвид објавата на наводниот скандал со опрема за прислушување и добивање на провизија, додека пак МВР тврдеше дека станува збор за донација за специјалните сили. Според Заев со Израел може да се соработува на многу полиња, како енергетиката, земјоделието, инвестициите, телекомуникациите и безбедноста.

„Со бизнисмените со кои ќе оствариме средба се надеваме дека ќе потикнеме идни конкретни чекори на взаемни трговски соработки и потенцијални инвестиции“, изјави Заев по средбата со Ревлин.

Засега нема информации дали се разговарало за суштината на прислушкувањето и инволвираноста на лица од Изралеското министерство за одбрана, како и посредници од приватниот сектор.

Делегацијата на СДСМ е составена од преставници на повеќе комисии на партијата, а на средбата со претседателот Ревлин присуствуваше и амбасадорот на Македонија. Во наредните денови ќе се остварат и средби со политичките лидери на Израел и бизнисмени.