Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев побара од Џафери да му обезбеди неделен термин за пратенички прашања

Заев побара од Џафери да му обезбеди неделен термин за пратенички прашања

Премиерот Заев му пиша писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Побара да одреди термин за одржување на неделните, тематски пратенички прашања во траење од еден час, како дел од реформскиот план 3-6-9.

Заев наведува дека Владата се обврзала да се врати демократскиот амбиент, во Собранието да има политички дијалог и соработка со сите парламентарни групи, вклучително и со опозицијата.

Премиерот наведува и оти мнозинството во отворена и искрена соработка со опозицијата ќе се погрижи за надзорната функција на Собранието и собраниските тела над владата, безбедносните и разузнавачките служби.