Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Отворивме ново поглавје, новата локална власт во Кратово да ги слуша граѓаните

Заев: Отворивме ново поглавје, новата локална власт во Кратово да ги слуша граѓаните

Новиот градоначалник и новиот Совет на Општина Кратово да работат во интерес на граѓаните, да бидат нивен сервис и внимателно да ги слушаат граѓаните, бидејќи нема пoголема вредност од среќни и задоволни граѓани, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешното обраќање на граѓанскиот собир во Кратово.

Пред граѓаните на Кратово, претседателот Заев ја повика локалната власт да работи неселективно во интерес на сите граѓани, бидејќи само така може да се очекува развој и напредок на градот.

-Оставам аманет кај локалната власт, но до претставниците на централната власт, тука во Кратово, но и до вас граѓаните. Ја донесовте слободата, ја заслуживте и радувајте и се, но истовремено ја донесовте слободата и за оние што не гласаа за нас. Имајте разбирање и за тие ваша и наши сограѓани бидејќи и ним не им беше лесно. Наша должност е да отвориме нови страници овде во Кратово. Кратово, ќе оди напред само заедно, единствено и сплотено со сите граѓани ќе оди напред. А истовремено, го имате мојот и зборот на извршната власт. Ќе ве поддржиме, за сите ние да се гордееме со Кратово. Сакам уште еднаш да си го дадеме зборот. Навистина, ова е една сосема нова страница, ново поглавје за Кратово. Но не заборавајте, поделени, можеме да се мачиме во решавање на постојано исти проблеми, сплотени и здружени можеме да се радуваме на многу нови предизвици секој ден, секој месец, секоја година, порача претседателот Заев.