Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Неопределените да се впуштат во промена на забеганата власт

Заев: Неопределените да се впуштат во промена на забеганата власт

zaev bitola

Зоран Заев со младината на СДСМ ја посети Битола со цел да се развијат дебати за перспективата на младите луѓе во Македонија и да се спречи миграцијата. Заев испрати и повеќе политички пораки против Уставниот суд кој со одлуката да му дозволи на претседателот да помилува осудени лица за изборни криминали испраќа многу лоша порака за наредните избори кои мора да се фер и демократски од што зависи иднината на земјата.

„СДСМ во целиот овој период посветено стои на своите ставови во борбата за обезбедување на услови за фер и демократски избори. Овој процес неслучајно го отворивме за да никогаш повеќе да не ни се повтори тоа од минатото. Ние ја подготвуваме партијата и нашето членство и се надеваме дека ќе анимираме огромен број на неопределени гласачи кои ги повикуваме да се впуштат во процесот на опозицијата за промена на оваа забегана власт. Ние се надеваме дека тоа ќе се случи на 5-ти јуни“, изјави Заев.

До изборите се уште останува отворено прашањето за реформи во медиумите и пречистување на избирачкиот список кои се превземени обврски од договорот од Пржино.