Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Нема амнестија на криминалот – Груевски мора да ја предаде власта

Заев: Нема амнестија на криминалот – Груевски мора да ја предаде власта

Би сакал во понеделник американскиот дипломат Хојт Ји да биде пречекан со нов претседател на Собрание, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Телевизија 24. Нема амнестија на криминал, ниту нови парламентарни избори – Груевски мора да ја предаде власта порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека многу скоро ќе се преземат чекори, но никако нема да се дозволи нов 24-ти декември.

Тој вели дека парламентарното мнозинство има право и обврска да го преземе водењето на Собранието преку избор на претседател од своите редови. Заев не ги кажува тактиките, бидејќи, како што вели, тоа може да го осуети опонентот, па сето тоа да доведе до „несакани состојби“.

„Отворено кажуваме дека не би сакале да се повтори 24 декември или нешто згрозувачко за македонската јавност. Видовме за што сè се спремни ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, па тоа ќе го направиме со сите можни алтернативи кои ги дозволува Уставот, законите и Деловникот во Собранието“, вели Заев. Тој вели дека нема да има амнестија на криминалот, ниту, пак, нови парламентарни избори и дека Груевски мора да ја предаде власта.