Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев не го признава судот – нема да присуствува на закажаните рочишта

Заев не го признава судот – нема да присуствува на закажаните рочишта

Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“. Тој истакна дека нема да се јавува секој понедленик во судот во 9 часот, како и дека нема да присуствува на закажаните рочишта. Според него поради тоа судот треба да издаде наредба за негово апсење.

– Јас ќе бидам во седиштето на СДСМ или во Кампот на слободата – изјави Заев.

Заев рече дека преговорите со власта и Грувски ќе продолжат, без разлика на политичката одлука на судот. На прашање како ќе се одржуваат преговорите ако тој биде во притвор, претседателот на СДСМ изјави дека најверојатно ќе се среќаваат во притворот во Шутка.

Според него одлуката на судот ја покажува зависноста од извршната власт. Судот нема дадено објаснување за фактите на одбраната. Говорат, вели Заев, и ме обвинуваат за шпионажа, а не кажуваат за која странска служба или држава сум ја вршел таа шпипнажа. Тој демантираше дека има тајни преговори со власта, но кажа дека има средби на сите партиски нивоа. Според него до крајот на недлата ќе завршат сите преговори и средби.