Monday, Sep 25, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Заев: Не е време за критики и сликање, на луѓето им е потребна помош

(Видео) Заев: Не е време за критики и сликање, на луѓето им е потребна помош

Zoran Zaev Cento pomos

-Денешниот ден е ден на жалост. Убаво е што граѓаните се собираат секаде да помогнеме конкретно на луѓето. Прво, да кажам дека не е време ниту за критики, ниту за некои посебни други активности, не е време ниту за сликање, ниту за посебни изјави. Време е за конкретна помош на граѓаните. Овде сме собрани од Социјалдемократскиот сојуз и неколку институции коишто се предводени од Социјалдемократскиот сојуз. Општинските институции на Куманово, Струмица и Центар коишто доаѓаат со свои ресурси, ги ставаат целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на градот Скопје и штабот на општина Гази Баба, во функција на координирано и организирано помагање, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Сите наши активисти од Социјалдемократскиот сојуз коишто се овде со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци. Продолжуваме утре во Булачани, Црешево и на други места.

Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување на вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, пред се’ вода и прехрамбени продукти коишто ќе бидат поделени овде во регионот.

Се надевам дека ќе бидеме добро организирани заради тоа што недостасува организацијата при испорачувањето на помошта којашто е од драгоцено значење. Овде се искусни луѓе со нас коишто ги знаат точните локации на помош и се работи на конкретно испорачување на помош на граѓаните, во нивните домови, во нивните подруми и во нивните дворови.

Се надевам дека сите граѓани коишто можат да се вклучат во помошта ќе помогнат, но тоа да го прават на координиран и организиран начин и навистина е време за помош.

Почитувани граѓани, да помогнеме секој со се’ што може. Вода, прехрана, хигиенски средства, пари…секој со што може да помогне заради тоа што само на тој начин ќе подадеме рака кон нашите сограѓани на коишто им треба помош, токму овие денови“, нагласи Заев.