Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев не дојде во судот кој не го признава и не му верува

Заев не дојде во судот кој не го признава и не му верува

Зоран Заев по четврти пат избегна да се појави на рочиште од судењето за случајот „Пуч“ од чиста причина што тој не верува во неговата независност и ќе чека да се активира специјалната јавна обвинителка која е избрана на независен начин и има доволна непристрасност. Од одбраната на Заев повторно посочија дека тој не се појавил и поради веќе закажана средба со странски преставници.

Штета што оваа привилегија да одбираат пред кој суд и кога ќе им се суди ја немаат повеќето граѓани на оваа земја кои исто така можеби не се 100% сигурни дека македонските судови се независни и професионални и дека токму на нив не им се намерачиле од икс причини и дека немаат право на надлежност на нивните предмети.