HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на суд во Куманово – Лаптопот зафатен за „бомби“

Заев на суд во Куманово – Лаптопот зафатен за „бомби“

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска седна на обвинителна клупа во Кумановскиот суд по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, за објавување на прислушуваните разговори во бомбите. Покрај Заев за неовластено снимање и објавување на снимените материјали обвинети се и СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски. Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото кое се товарат – пишува СДК.мк.

Адвокатот на тужителот побара од судот обвинетите да се прогласат за виновни и да се казнат затоа што со објавување на прислушуваните разговори на Цветковски му нанале штета на угледот како политичар и адвокат и му предизвикале непријатности во секојдневниот живот, а пред се го прекршиле неговото основно човеково и граѓанско право гарантирано со Уставот.

Адвокатот на Заев и Костовски, бараше да се прецизира во тужбата дали ќе одговара СДСМ како правно лице или двајцата обвинети како политичари, како и да се проверат роковите за поднесување на тужбвата, бидејќи постои релативна застареност на поднесување на пријавата.

„Не може Заев да одговара за СДСМ и башка да одговара за себе. Или тој како граѓанин ќе одговара или правното лице“, рече адвокатот Мирослав Вуиќ.

На рочиштето, иако беше предвидено, не беше преслушана содржината на објавеното цеде со „бомбата“ како доказен материјал, поради технички проблеми, бидејќи зафатен беше лаптопот за друго судење. Наредното рочиште е закажано во ноември, кога треба да се сослушаат четворица сведоци.

Цветкоски ги тужи високите функционери на СДСМ заради објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово. Тој претходно поднесе тужба до Специјалното јавно овинителство, но му беше отфрлена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com