Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Мнозинството ќе избере претседател било каде

Заев: Мнозинството ќе избере претседател било каде

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Собранието на Република Македонија рече доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжат да ги кршат Деловникот и Уставот, мнозинството ќе избере претседател на Собранието било каде.

– Пет седмици, триесет дена парламентарното мнозинство оформено овде буквално ве моли да прекинете да го кршите Деловникот, а вие се правите како паднати од Марс. Конститутивната седница секогаш траела од еден до пет часа, а не волку многу – рече Заев.

Тој ги потсети пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека од над еден милион гласачи добиле 400.000 гласа и дека тоа не е мнозинство.

– Ве молам најучтиво давајте право на реплика и говорник, но ако се надвор од темата одземете им го зборот како што е предвидено во Деловникот, ве молам најучтиво продолжете ја седницата по 18 часот. Дајте мнозинството да се изјаснува, да се премине на четвртата точка – рече Заев.