Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев ќе седне на обвинителна клупа за случајот „Пуч“

Заев ќе седне на обвинителна клупа за случајот „Пуч“

zaev

Основниот суд Скопје 1 одлучи – на Зоран Заев ќе му се суди за случајот „Пуч“. Судот донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани.

„Советот во одлучувањето утврди дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и приложени се докази во прилог на обвинението“, стои во соопштението. Заев е четврто обвинет во случајот „Пуч“. Другите обвинети – Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски, Соња Верушевска и Бранко Палифоров, се во притвор. Тие се обвинети за шпионажа и насилство кон претставници на највисоките државни органи.