Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев ќе одговара кривично за примање поткуп од бизнисмен

Заев ќе одговара кривично за примање поткуп од бизнисмен

Основниот суд Скопје 1 го прифати подигнатото обвниение против Зоран Заев за корупција и предметот ќе го распредели до судија од одделението за организиран криминал и корупција.

Во соопштението на судот стои дека „по одржаното јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани“.

Заев се бранеше дека бизнисменот од Струмица бил испратен со камера да го сними како прима мито за донација на црква, но вели дека не е виновен и делото за кое се товари не го извршил. Предметот сега ќе продолжи во судска постапка.