Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев ќе го задржи пасошот, ослобен и од обврската да се јавува на суд

Заев ќе го задржи пасошот, ослобен и од обврската да се јавува на суд

Судот го одби барањето на Јавното обвинителство да му го одземе пасошот на Зоран Заев. Укината е и обврската за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, секоја недела да се јавува во струмичкиот суд како четвртообвинет во случајот „Пуч“.

Ново рочиште за овој предмет во кој првообвинет е поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски е закажано за понеделник. До сега се одржаа две рочишта, но материјалната расправа не отпочна затоа што Заев не се појавуваше во судот.

Предметот треба да го преземе специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е задолжена за истрагите поврзани со масовното прислушување и наводите кои произлегоа од прислушуваните разговори. Јанева се уште се нема произнесено за овој предмет.