Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев – Кара: Владата ќе ги унапредува односите со сите држави

Заев – Кара: Владата ќе ги унапредува односите со сите држави

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција во Македонија, Еркал Кара, на која било поздравено пријателството меѓу две земји и била изразена подготвеност за унапредување на соработката базирана на демократски принципи, на економски план, како и во сите области од интерес на граѓаните.

„Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, особено со земјите пријатели на Република Македонија. Граѓаните на Македонија очекуваат европски перспективи и Владата што ја предводам е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства на патот кон интеграциите“, истакнал премиерот Заев, се вели во соопштението за средбата.

На неа, Заев и турската амбасадорка зборувале и за можноста за надминување на постоечките административни бариери со кои се соочуваат инвеститорите во Македонија, како и за интересот на турски инвеститори за вложувања во Македонија. Истовремено Кара ја реафирмирала поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО.