HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев им вети на младите студенстки град во Скопје

Заев им вети на младите студенстки град во Скопје

zaev-studentski-gra

Зоран Заев од платото на универзитетот Св.Кирил и Методиј рече дека се обврзува на договор со младите кој опозицијата ќе го реализира по изборите на 11 декември и токму тие ќе бидат еден од главните приоритети. Со оглед на тоа дека и тој студирал во Скопје од друг град добро ги знае нивните потреби вети изградба на студентски град со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторани, и сето она што е од интерес на студентите. Планирано е воведување на бесплатен интернет во студентските домови, но истовремено и студентската картичка за користењето на јавните услуги, како што е и превозот на самите студенти.

„Зборувавме денеска за прашања којшто се и од нивен интерес, поставија некоку прашања како ќе ја најдат полесно работата после завршувањето на нивното образование. Зборувавме за младинската гаранција и директно помагање од страна на државата за нивното тренирање или практично подготвување за влегување во работа во првите 6 месеци после завршувањето на образовниот процес, зборуваме како државата ќе ги стипендира сите оние млади луѓе којшто сакаат да се дообразуваат, односно да одат на магистарски или на докторантски студии, но зборувавме и за студентските домови и сместување на младите луѓе, дека конечно дојде време, политичките партии да ги тргнат своите раце од сите органи и тела на младите, на студентите, за да може на еден транспарентен, непристрасен начин, секој да добие фер шанса за негово згрижување во студентските домови додека студира овде“ потенцираше Зоран Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com